СУДСКИ СКАНДАЛ : Разбрал дека е осуден кога вадел пасош !

К.Мачкиќ

Затвореник одлежува затворска казна без да знае дека е суден. Дознал дека треба да оди в затвор кога требало да извади пасош. Вистински шок следувало кога полицаец му покажал упатен акт со пресуда , а ниту еднаш не се појавил во судница оти не добил нити покана, ниту бил повикан во полиција, обвинителство или суд. Оваа неверојатна судбина dosie.mk ја дозна од затворски и судски извори.
Осуденикот работел во фирма за продажба и дирстрибуција на леб и млин. Но фирмата пропаднала преку ноќ откако биле исторошени стоковите резерви што се чувале од државата. Во 2012 година човекот бил осуден за фалсификувани документи неплатени долгови на една година затвор без да присуствува на ниту едно рочиште. Кога дознал најмил адвокат и предметот го вратиле на повторно судење. Тогаш му станало јасно за што , како и од кого бил суден.
Во претходната постапка имал адвокат по службена должност. Тој дал согласност дека обвинетиот е виновен , но 2013 адвокатот починал, па така не се дознало никогаш зошто без да го извести обвинетиот во негово име постапувал пред судот.
Судскиот процес се повторува од 2013 година и трае две години. Се смениле тројца адвокати но ниту еден не успеал да го одбрани клиентот. Првиот не докажал дека е невин, вториот го лажел дека е во контакт со судијата и доставува се што е потребно, но всушност се видело дека никогаш не се појавил. Третиот адвокат доставувал докази но сите биле одбивани од обвинителката. Потоа се разбарало дека адвокатот и обвинителката биле во тајна љубовна врска.
На крајот за фалсификување документи и за наводен долг од 13000 евра обвинетиот добива затворска казна од една година и 6 месеци. Во јуни 2015 веднаш се активирал и упатен акт и меѓународна потерница.
Тука не завршуваат маките на затвореникот. Цела година односно 2017 тој работи во градежна фирма. Ирониијата да биде поголема работи со багер токму кај судијата кој му ја потпишал потерницата. Иако знаел дека не е во бегство, судијата не ја повлекол потерницата. Бил осигуран и примал плата преку банка.
Во моментов осудениот е во затвор. Амнестија не добил поради потерницата. Сите со кои се соочил од судските власти барале пари за да ургираат и наводно да помогнат да ја докаже невиноста дека според документите кои ги има не е точно дека не платил леб во вредност од 13000 евра колку што пресметал судски вештак. Поседува документи што се е платено до последен денар и дека никому ниту е должен, ниту е виновен, но судијата и јавниот обвинител не сакале да ги погледнат.
Затвореникот е очаен и бара помош од надлежните судски власти како и од Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет. Доколку му биде овозможено ќе бидат доставени документи кои го тврдат спротивното од пресудата. Додека трае голготата семејството му се растурило. Изгубил пари, сопруга а кај да е и станот бидејќи нема кој да го отплаќа кредитот.

(Имињата на судиите обвинителот и адвокатите заплеткани во овој случај познати на редакцијата)

1 Trackback / Pingback

  1. ДоказМ.мк – СУДСКИ СКАНДАЛ: Разбрал дека е осуден кога вадел пасош!

Leave a Reply

Your email address will not be published.