ЕКСКЛУЗИВНО : ИГОР СПАСОВ ПОБЕГНАЛ ОД КПУ ИДРИЗОВО

К.Мачкиќ

Игор Спасов вчера ПОБЕГНАЛ од Идризово, па сам се вратил во 02 часот наутро во алкохолизирана состојба. Во текот на вчерашниот ден ПРОТИВЗАКОНСКИ е ПРЕМЕСТЕН во отворениот дел на затворот Идризово од каде што лесно затворениците можат да излезат. Кој од затворот ИДРИЗОВО и покрај сите прописи скоро 3 години пред време го ПРЕМЕСТИЛ Спасов во отворениот дел и дали некој ќе сноси одговорност за овозможување на бегство, ќе покаже истрагата.
Спасов е класифициран во В3 затворен третман. Дали е единствен со таква привилегија е едно од прашањата кои му ги поставивме на Директорот Антонио Димов.
Спасов е осуден на казна затвор од 14 години и 6 месеци за убиството на Мартин Нешковски.