КПУ ИДРИЗОВО : ПРАШАЊА БЕЗ ОДГОВОР

ПО НЕКОЛКУТЕ АНАЛИЗИ НА DOSIE.MK ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО НАЈГОЛЕМИОТ ЗАТВОР КПУ ИДРИЗОВО , ПО ОБЈАВУВАЊЕТО НА СВЕДОШТВА НА ЗАТВОРЕНИЦИ И НИВНИ РОДНИНИ РЕДАКЦИЈАТА ИСПРАТИ ПРАШАЊА ДО ДИРЕКТОРОТ АНТОНИО ДИМОВ. ТРИ ДЕНА ДИРЕКТОРОТ НЕ ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊАТА ПА ЗАТОА ПО БАРАЊЕ И НА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ГИ ОБЈАВУВАМЕ ЈАВНО. НАШИТЕ СОЗНАНИЈА И ПРАШАЊАТА ВОДАТ КОН ОДГОВОРИ КОИ РЕДАКЦИЈАТА ГИ ИМА , НО СЕПАК СЕ ОДЛУЧИ ДА МУ ДАДЕ УШТЕ ЕДНА ШАНСА НА ДИРЕКТОРОТ ДА ОДГОВОРИ.

Почитуван Господине Димов,

Со оглед на фактот дека во редакцијата на Досие пристигнуваат писма со сериозни квалификации за корупција, самоволие и кршење на Законот на поиедини челници во Упоравата на КПУ Идризово, а во интерес на објективното инфорнирање на јавноста Ве молиме да ни одговорите на следните прашања.Вашите одговори ќе бидат објавени во целост без никакви измени на редакцијата.

1. Дали Заповедникот на затворската полиција кој Вие сте го назначиле со наредба спротивна на позитивните Законски прописи:

– е со соодветна школска спрема Високо образование, факултет од 4 години или 3+2 по Болоњскиот систем

– дали истиот тој Заповедник е УСЛОВНО ОСУДЕН за кривично дело сторено за време на вршење на службата во КПУ Идризово во август 2007 гоидина. ( овозможување на бегство на осудено лице)

– дали лице правосилно осудено ( условна казна 2 години) за сторено кривично дело злоупотреба во службата во КПУ Идризово може да раководи со истата.

2.Дали во машкиот отворен дел на затворот противзаконски Ви престојуваат осудени лица со затворен третман В3 од измислени безбедносни причини,

– Во кој правилник пишува дека од безбедносни причини селективно можете да префрлите осудено лице во отворениот дел да се движи слободно дури многу често да Ви ја посетува и Управната зграда.

3. Дали како одговорно овластено лице вршите увид во досиеата и ПРОВЕРКА на предлозите за расформирање, прогресирање ,користење на викенд одсуство и годишен одмор на осудените лица.

-ако вршите проверка како осудено лице прв пат осудувано, сам се пријавил на издржување казна, со казна помала од 3 години од приемното одделение е расформиран во ЗАТВОРЕН ТРЕТМАН.

4. Дали лично разговарате со осудените лица?

5. Дали имате увид на колку осудени лица им се ускратени правата за прогресирање во полиберални третмани затоа што некој во Идризово измислил дека амнестираниот дел на казната не се одзема од истекот на истата.

-дали имате увид зошто Началникот на превоспитна служба и ресоцијализација постојано без никаква причина прави застој во прогресирањето на осудените лица и користење на домашни отсуства ИЗМИСЛУВАЈЌИ НЕПОСТОЕЧКИ ПРАВИЛА

– дали имате информации за корупцијата и ценовниците во Идризово за користење на погодности.

6. Зошто како Директор на КПУ ИДРИЗОВО иако не ги познававте вработените после неколку денови извршивте кадровски промени и ротации. Под чија сугестија? Дали е тоа најголемиот проблем на Идризово со кој Вие го отпочнавте во Вашиот директорски мандат.

7. Дали во правната служба во Идризово сеуште работи вработен со неколку кривични пријави за злоупотреба на службена должност Идризово во време на друг Директор кога истиот раководел со правната служба.

8. Дали имате информации дека женското одделение е претворено во театар за лечење на комплекси на газдариците (надзорничките) према слугинките (осуденичките). Дали имате информации за навредите и психичка и физичка тортура врз осудените жени посебно од две надзорнички често спомнувани во писмата на осуденичките (З.Лидија, А.Маја , Л. Нафија)

-дали знаете што и колку надзоирничките од женското одделение крадат и јадат од централната затворска кујна на штета на храната на осудените лица.

_дали знаете дека поедини надзорнички вршеле опструкции во лечење на жените на Клинички центар уништивајќи ги записите за нивни прием, како не би ги чувале на Клиничкиот центар.

-дали сте информирани за масовна кражба на лекарства од страна на надзорничките во женското одделение

Почитуван Господине Димов, во очекување на Вашите одговори срдечно Ве поздравуваме и како што осудените лица нагласија се надеваме дека ќе ја искористите Вашата историска шанса затворот ИДРИЗОВО да го доведете во позиција да функционира по сите професионални стандарди,

Срдечен поздрав,
редакција dosie. mk

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.