Дедо (тест) на адвокат на Заев бил одговорен за АКМИСОТ во Кривичен

К.Мачкиќ

Извештајот за управувањето на АКМИСОТ во Кривичниот суд ќе го разгледуваат членовите на Судскиот совет и во него ќе читаат за тоа како се делеле предмети во овој суд. Од донесување на Законот за управување и движење на судските предмети во 2010 година во Основниот суд Скопје 1 не е формирано работно тело се до почетокот на 2013 година кога со одлука на тогашниот претседател за раководител на ова работно тело согласно закон е определен судскиот администратор инаку татко на сопругата на адвокатот на Зоран Заев која е судија во Основниот суд Скопје 2, со ова и за определените години истражувани од Комисијата на Министерството за правда одговорен за АКМИСОТ бил судскиот администратор кој бил Претседателот на работното тело за управување и движење на предмети во овој суд , а тоа е во време на претходната власт , на ова место е Ристе Спасов, кој е близок роднина на еден од најистакнатите адвокати на Премиерот Заев. Спасов од ноември 2016 е пензионер. Според задолженијата за неговото работно место, тој требало да прави анализи и извештаи и да дава предлози до Претседателот на судот. Неговите надлежности се предвидени во Законот за управување со судски предмети и тоа во член 7 во кој пишува:
“Претседателот на судот формира работно тело за управување со движењето на предметите во судот (во натамошниот текст: работното тело). Со Работното тело од ставот на овој член раководи судскиот администратор или лице определено од претседателот на судот во судовите каде што нема судски администратор, а членуваат претседателите на судските оддели и судските службеници од редот на раководни судски службеници, односно стручни судски службеници. Според Законот неговите надлежности се да изготвува предлог-годишен план за управување со движењето на предметите во судот и спречување на создавање на заостатокот на нерешени предмети или намалување на заостатокот на нерешени предмети и спречување на застојот на движењето на предметите во судот, кој особено содржи: анализа на причините за застојот во движењето на предметите и заостатокот на нерешените предмети, предлог-мерки за надминување на застојот на движењето на предметите и појава на нерешени предмети и анализа на управување со движењето на предметите во судот”. Понатаму законодавецот предвидел дека администраторот во случајот Спасов , треба да изготвува предлог на внатрешни процедури за одделни процеси при управувањето со движењето на предметите во судот врз основа на процесните дејствија и роковите утврдени во Законот за парничната постапка, Законот за кривичната постапка, Законот за управните спорови, Законот за вонпарнична постапка и судскиот деловник, кој согласно со Законот за судовите го донесува министерот за правда и потоа до претседателот на судот доставува месечен извештај за спроведувањето на годишниот план за управување со движењето на предметите во судот, мерките за спречување на создавањето и намалување на заостатокот на нерешени предмети и за застојот на движењето на предметите во судот.
По заминувањето на Спасов во пензија , местото останува празно. Се појавува нов раководител во судот , Горан Стаменковски, кој поведува постапка за мобинг против тогашниот претседател на судот, попладне протестира со Шарените, а на работа опструира избор на нов судски администратор. По заминувањето на Спасов во пензија и она што се случува во овој и со овој суд, се уште не е јасно и покрај истражувањата на Комисијата. Дали позадински некој добро ја имал скенирано и изрежирано состојбата во Кривичниот суд, дали Комисијата и доаѓањето на Рибарев во тој суд се само шлагот на целиот сплет на околности кои следат и можеби долго подготвуван терен, времето и документите допрва ќе покажат кој каква улога имал!
(продолжува, кој Претседател на суд има најмногу предмети распоредени без АКМИС)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.