За еден ден 22 сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 22 сообраќајни незгоди од кои четири со тешки телесни повреди, осум со телесни повреди и 10 со материјална штета. При сообраќајните незгоди четири лице се здобиле со тешки телесни повреди додека 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди. Потоа 12 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената, 14 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило. Од сообраќај се исклучени 12 возила бидејќи девет биле нерегистрирани, две биле технички неисправни и едно било со претовар. Еден возач е санкциониран бидејќи поминал крстосница на црвено светло, шест не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле и двајца неправилно престигнувале. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 79 мандатни платни налози, додека 54 возила се подигнати со “Пајак”.

#МВР – билтен , фото: илустрација извор интернет

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.