ВИДЕО: Жена се влече и живее на улица

Деновиве на социјалните мрежи граѓани од Крива Паланка објавија снимка од жена која проси и живее на улица. Жената е болна и никој не ја згрижил. Нема куќа ниту семејство и се со нарушена психофизичка здраствена состојба. Еве што напишаа и објавија загрижените граѓани кои бараат државата да се погрижи за оваа немоќна жена.
“Почитувани граѓани , сограѓани , институции на Крива Паланка.
При очи слепи, при уши глуви, при уста неми.
Ова е слика што сите ја знаете, секој што влегува во градот и излегува на патот за Куманово,сите сме сведоци на оваа слика , ама сите сме слепи , глуви и неми, сите погледот го тргаме на страна како ова да е нешто нормално.
Оваа душа со што заслужила ваков живот , непокретна со телесна инвалидност, а воедно и со ментален инвалидитет.
Ја најдов на сред улица како се влече по патот, стопирав возила да не ја згазат, ја тргнав на тротоар и дадов пари да ја качам во такси за да ја однесат дома ( а дома нема )пред очи ќе ни умре, ќе ја згазат , никој не ја качи во возило . Обувки реков да и донесам и давав боса беше , рече не може да носи ради нозете , каливи , смрзнати , вкочанети , непокретни ,трчав до дома чорапи донесов и облеков барем боса да не е.
Како мало дете ме молеше да не ја праќам дома ( а која дома луѓе зар дом има) ќе ја тепаат, земи ме дома кај тебе со солзи во очите , само малку некој да е добар со мене да не ме мава на улица и да не ме тепа, инвалидска количка имала не и ја давале . Кој и зошто ????
Душава и срцето ми се скршија на сто парчиња , што можам сама да направам !!!!!
На+ 40 на улица е , на -20 на улица е. Ова сите го знаеме , сите го гледаме , инвалид што се влече и е цело време на улица.
Доста е веќе, никој не заслужува ваков живот.
Отворете ги очите и имајте барем малку слух за оваа судбина .
Ве молам , институции ако постоите и Вас почитуван градоначалнику , Ве молам да помогнеме, мора да помогнеме и да го згрижиме ова лице”.

Posted by Jovana Nanovski on Tuesday, 20 March 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.