СКАНДАЛ: Опомена пред извршител за неплатена ужинка пикната во ранец на првооделенец

Кристина Мачкиќ

Револтирани родители кои со месеци се борат поради лошата исхрана на нивните деца во Основното училиште 11 Октомври во СКопје добиле опомена пред извршител за наплата на долг за неплатена ужинка. Скандалот да биде уште поголем опомената била доставена од фирмата “Специјал” која ја носи храната, до директорката, па потоа учителките на децата им ги пикнале опомените во ранците со книги. Родителите шкорани од постапката бараат објаснување како е можно вакви опомени да се доставуваат преку училишните книги на децата , а не како што е предвидено со Закон дирекно на родителот на домашна адреса или пак да биле повикани од директорката која можела да им соопшти дека има проблем со наплата. Но неплаќањето не е поради немарност на родителите, туку поради голем револт, оти нивните деца се хранат со расипана , со поминат рок храна и никој од надлежните не реагира.
Родителите 9 месеци се борат во училиштето со директорката и бараат помош од градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ нивните деца да добијат квалитетна храна, а не оброци со поминат рок. Пријавувале во инспекции, пишувале петиции, се бореле, но досега освен закани со извршител од фирмата “Специјал” која го снабдува школото со храна поради неплаќање на сметките родителите, не добиле никаков резултат.
-Голготата од 9 месеци со “Специјал” во Основното училиште 11 Октомври продолжува. Ги повикуваме градоначалникот Саша Богдановиќ да преземе мерки и прашуваме дали некој ќе се освести во оваа држава дека децата и нивното здравје вредат многу повеќе од парите на некој газда, пишуваат револтитраните родители по социјалните мражи и споделуваат фотографии од храната што ја добиваат нивните деца.
Децата во училиштето добиваат скиснат спанаќ, ужинка со поминат рок, недоварени манџи , растително сирење , скиснат сутлијаш, а за тоа родителите треба да платат 1300 денари месечно. Фирмата “Специјал” го добил тендерот со најниска понуда, иако имало и други фирми кои нуделе многу подобра храна за која патем се предвидени и одредени критериуми кои храната треба да ги задоволи за да може да ја примаат деца во раст и развој.
Она што го кажуваат родителите е страшно. Пријавиле во агенција за храна и со 120 поплаки во еден ден била алармирана инспекцијата која тргнала кон училиштето да ги провери наводите во жалбите, но на пола пат се вратила во канцеларија.
Еден од родителите на децата влегол во кујната на училиштето со вага и она што го видел и измерил било шокантно. Наместо јогурт со 3,2 проценти малесност на децата им се давал јогурт од 1 процент масленост. Наместо 100 грама риба , децата за ручек добивае 18 грама, наместо цел грозд грозје во тањирите им биле давани по три зрна грозје.
Децата се гладни, храната ја фрлаат, но дикторката на училиштето, градоначалникот и минситерката за образование како да не сакаат да слушнат. Децата доаѓаат дома прегладнети и јадат , бараат леб снеможени оти во училиштето ништо не јаделе, сведочат родителите.
Родителите се подготвени да одат до крај да ја истераат правдата оти цената за здравјето на нивното дете е многу поголема од било која фирма или градоначалник или министер. Подготвени се и да не плаќаат, но и да покренат соодветни правни постапки за да се изборат за правата и здрвиот раст и развој на нивните деца.