АЛАРМАНТНО : ИДРИЗОВО БЕЗ ГРЕЕЊЕ, ЗАТВОРЕНИЦИТЕ СМРЗНУВААТ

Деновиве дел од затворот Идризово е без греење. Според информациите на dosie.com.mk греење има само во главната зграда и неколку делови на затворот додека во полуотвореното одделение нема воопшто греење. Затворениците се снаоѓаат со ќубиња и по некое дрво за огрев. Дека состојбата е алармантна зборувата и ексклузивните фотографии од кои се гледа во кои услови живеат затворениците во полуотвореното одделение деновиве и без греење.