B&B не излегува од мода

Пишува: Кристина Мачкиќ

Насловот можеби не потсеќа на некој познат бренд облека , чевли , чанти . Да! Познат бренд е, ама во нашиот Кривичен суд . Весна & Вилма. Ете тоа е брендот. За квалитетот на брендовите секој сам си цени, нешто е помодарство, нешто е тренди нешто е ин нешто е АЛИ ЕКСПЕС комбинација. Е ова нашево ќе да е АЛИ ЕКСПЕС ама тежок фалс. Кога ќе го отвориш мора да се луфтира мириса, нели на она познато кинеско.
Да се вратиме кај нас односно да прошетаме низ историјата и да видиме колку нашето В&В трае и опстојува. Почнаа пред повеќе од дестина години, постојат значи една цела декада. Беа млади убави згодни плавуши, а сега се само дотерани плавуши, но тоа си е со годините. Прв пат кога ги запознав бев детиште во медиумите , сега сум старчиште. Ништо не се сменило , јас си терам вистина, а они си кројат вистина во нивниот шнајдерски дуќан.
Не се тие виновни, народот што им верува, политиката што им се доверува. Немојте да се убедуваме во словото на законот и правдата. По десет години лапање јагнешко во Лазарополе да се симнеш во тв студио, нормално ли е дека се каже дека ако се рекло мечка и мечка ќе се обвини. Или неколкуте јаки судски постапки за кои нели ќе се правеше ревизија,но ништо од тоа . Убаво се сеќавам на првите масовни судења кога на пример за Змиско око одевме дури во зградата на Царина , следеа апсења на комисии за инвалидски пензии, познатото Бачило , познати директори …па од скоро Детонатор или уште некое познато име. Ревизијата ќе беше интересна , оти повеќето од сработеното е на брендов. Продолжувањето притвор на новинар е посебна приказна …. итн итн…
Но не е нормално ова сега.
А , да се разбереме не ја спорам судската постапка , сошиена перфектно , допрва ќе видиме кој се требало да биде или не во групата. За некои да ние знаеме , но има и такви за кои знаеме ама не се таму , или не знаеме, а биле. Тоа ќе го следиме низ судската процедура …одма да погодиме и кај кој АКМИСОТ ќе го фрли предметот. Но промените се потребни освежувањето е нужно. Имаме ние топ судии и обвинители и искрено се надевам дека во судница ке ја видиме правдата и вистината.
Да не биде повторно по една декада де- жа-ву.
Ми се смачи од тоа да не се коментираат пресуди или судски предмети. Извинете господа судии ама самите се продадовте и искаљавте, па и име си кладовте. Затоа ќе си зборувам нели јавнот збор не е забранет. Се што овде е напишано се факти не се ниту осуди ниту хвалоспеви само голи факти. Но народот е научен крв да гледа, а зад фластерот не е важно кој е.
Па така и брендот си опстојува и никој не го оспорува.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.