Познатиот готвач Антонио болен од карционом , се храни со цевка, од утре станува бездомник

К.Мачкиќ

Антонио Јанковски момчето кое го гледавме со неговите кулинаски вештини на телевизија, денес живее во секојдневна борба со карцином, со мачнотијата да најде работа и да ги плати лековите и домот. Дење бара работа, ноќе седи дома и размислува за својата судбина за својата карма во дом во кој нема ниту телефон ниту телевизор. Едноставно оставен сам на себе сам со себе.
Се видовме во дневната соба во која денеска му е последен ден. Ја исчистил средил за да ја врати онака како што ја зел. Животот никогаш не му бил лесен. Како мал оставен од татакото живел со мајката. Научил да готви и со тоа се занимава цел живот. Животот врвел некако до моментот на развод со сопругата, губење дете и веднаш после тоа појавата на карциномот.
– Имав еден баш вака лош период кога исто така преку ноќ снема се, ама ни тогаш не се откажав. Одев на пазарче чистев за храна имав, повеќе пријатели, поширок круга од тогаш. Дологодишните пријателства повеќе афектираат отколку секојдневните познанства. Јас пред два месеци си го загубив последниот пријател со кој се познаваме 20 години. Бев да му побарам помош не ми отвори врата. Му имав многу помогнато во животот што е глупо да се спомува, но тој можеше барем вратата да ја отвори.
По распадот на бракот и тешкиот период Антонио забележал израсток н ателото. По медицинското испитување се констатирало дека е карцином.
-Кога ке одиш да си ги земеш резултатите и ќе ти го отворат пликото не треба да ти кажат ништо, оти кога ќе му го видиш изразот на лицето на докторот , не мораш да читаш резултати. Не беше убаво, но уште по неубаво што немаш никој. Имаш родители кажуваш дека си во хаос, немаат слух. Едната вели се премажив си имам свој друг живот, другиот во 34 години сум го видел 3 или 4 пати сум го видел и тоа ако тој има проблем во животот. Имаш па немаш ништо, што од страв, што од не знаење што од алчност што од себичност. Така се врти кругот и доаѓаш до степен кога воздухот губи вредност, раскажува Антонио за својот можеби најтешок момент во животот.
Почнал со терапија.
-Жалам што примав терапија. Кога никогаш во системот луѓето не ти го плаќаат и не ти го почитуваат трудот за кој работиш и се останато. Сум бил пријавен на многу места , но не сме ги добиле платите. Отидов во трудова инспекција, и ете ги последиците. Ќе дојде некој онде на коше и ќе ти ги скрши забите оти си пријавил. Тоа ми се случи на сред улица на сред Козле. Поднесов и писмо до Министерството за труд и социјална политика, но на одговор не се надевам. Шест години да се лекувам . За било кој овде надвор што живее на бедниот стандард овде јас морам да работам три пати повеќе за да го имам тој беден стандард. Но и со мене носам и 20 луге на кои им помагам и едно куче и маче за кои среќен сум ги извадив од контејнер, ги чував сега една госпоѓа ќе ги земи барем тие да се згрижени.
-Лугето те гледаат едноставно не им е грижа. Болеста ја лечам алтернативно и многи се како мене оти од лековите се добиваат и други оштетувања. Медицината првично спасува, да, но не е таа единтсвената. Ке се завртиш во еден круг каде луѓето што треба да ти помогнат така убаво ке те искористат, последното што го имаш ќе ти го земат и ќе се најдеш еве вака без ништо.
Антонио утре мора да ја напушти куќата во која живее и останува бездомник на улица.
-Не може да дозволам повеќе газдирте да ме толерираат и на крајот и тие живеат од оваа кирија. Се работи за 12000 денари . не можам да им должам.
-Шест години седиш сам ги броиш секундите, ќе станиш, ќе одиш под туш и си велиш можеби кадава ми е последно и постојано си повторуваш зошто , зошто некој и ме етикетира за било што, а не ме ни прашал зошто е тоа така. Можеби за себе сум никаква личност неодговорна , можеби сум крив за својата карма и состојба, не сум ни бил свесен дека постои внатрешна хигиена. Каде има на тв внатрешна хигиена? Каде има едукација дека канцерот е состојба на луѓето од недоволна внатрешна хигиена? Каде пишува дека хив позитивен може да има стабилен живот. Цената не е пари секогаш.
-Добивам храна но таа не можам да ја јадам . Јас сум на цевка, не можам да џвакам, немам притисок во устата и забите. Но таа храна што ми ја носат ја делам со оние кои немаат.
-Што јас сум направил лошо. Испаднав од границите на нормалата кои политиката општеството религијата ги наметнува ат на лугето и те притискаат да стоиш на мртва точка и наметнати зборови кои немаат никакво знаечение. Ако постапиш така ќе ти исплукаат и ми е гајле битно јас денеска сум жив. Јас можам и номадски да живеам а ќе се хранам со неколку семки во денот.
НЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ БАРАМ ПОЗАЈМИЦА ЌЕ ЈА СРАБОТАМ ЌЕ ЈА ВРАТАМ е последната порака на Антонио пред да се разделиме. Денеска можеби е неговиот последен ден со кров над глава, од утре на улица , со бандите со кои владеат бездомниците, со страв дека можеби некој од нив ќе настрада од храната со отров која несовесните скопјани ја растурија низ градот.

16 Comments

  1. Javi se, ke najdeme resenie, tuka sme da pomogneme.
    Ostavi mobilen da te kontaktirame. Se najdobro. Pozdrav

  2. antonio go gledav so ljubav go snema kade e si mislev i ev e pak go gledav ama strasna prikaska mislam solidarnost od nas kako sekoas doniranje malku no za nego nesto

  3. DAJATE LUGEEEEE AKO STE OD MAJKA RODENI DA MU SE PMOGNE NA ANTONIOAL ALOOOOOOOOOOO MINISTERKEEEEE ZA SOC POMOS I DRUGI INSTITUCII VIE STE NA POTEG I TOA POD ITNO SEPAK SE RABOTI ZA COVEK

  4. Супер што сте напишале, ама како да се помогне? Број или сметка за донации? Било што?

  5. Број на сметка, број за донации…било што. Заедно сме посилни, Антонио нема да останеш сам и гладен!

1 Trackback / Pingback

  1. Боки му понуди помош на готвачот Антонио кој се бори со рак и за малку ќе останеше без дом -

Leave a Reply

Your email address will not be published.