АЛАРМАНТНО : Пациенти тивко умираат, нема инсулин во Битола

Пациенти кои примаат инсулин во Битола веќе еден месец немаат добиено од потребната доза за лекување и одржување во живот. Според наши извори инсулин од типот Левемир го нема најмалку 20 дена. Пациенти секојдневно се јавуваат во Центарот каде што треба да ја подигнат потребаната доза, но од таму истиот одговор. Инсулин се уште нема.
Пациенти кои се соочени со овој проблем велат дека некои од нив имаат по некоја резерва. Некои го примаат инсулинот еднаш на ден, но има и пациенти кои без неколку боцкања на ден нема да преживеат. Оние со повеќе пари купуваат во Грција, но таму велат е прескапо. Оние кои не може да го купат едноставно самите пациенти велат дека тивко умираат.
Инсулинската криза е секаде низ државата. Во Македонија во моментот има недостог од инсулините „Левемир„ и „Новомикс 30“ од компанијата Новонордиск од Данска. Од Министерството за здравство најавија дека проблемот ќе се реши со донации, но не најавија кога.
“Пратките се стопирани бидејќи беа откриени инсулини, од истатата компанија, но од бразилско производство кои досега не биле носени во државата бидејќи нема такво Решение. Во државата стигнале преку паралелен увоз и веднаш откако се откриени пратени се на анализа да се види дали по состав се исти со оригиналните и дали тоа што го пишува на кутијата е веродостојно”, објави порталот novatv.mk .
Се работи за инсулин од Бразил со сомнително потекло поради што е пратен на испитување. Додека државата не го реши проблемот пациентите остануваат да се борат за живот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.