Моја приказна

“Гответе насмеани”, првата книга со рецепти на Давор Панчевски


Давор Панчевски чудото од дете во кујна синоќа го оствари сонот на секој готвач, издаде своја книга со рецепти. Ја посвети на насмеаните па така и ја наслови книгата односно готвачот, “Гответе насмеани”. Токму сироката насмевка е она што овој млад човек го прави посебен и во кујната и за оние кои лично го познаваат.
Давор за себе кратко ќе каже: “Целото семејството е виновно за тоа што го правам денеска. Готвењето кај нас дома претставува вистинско уживање и секој знае да замеша прсти во кујната. Сите сме љубители на вкусно подготвена домашна храна. Поготово уживам кога храната што ја подготвувам ја споделувам со пријателите и семејството.
Првото нешто што го имам подготвено се француски палачинки кои добро ги владеам денеска. Ги обожувам и често ги правам кога ќе ми дојдат ненајавени гости.
Изминатава година и половина работев постојано се со цел да ги соберам најдобрите рецепти во една книга која ќе биде одличен другар во кујната на секој оној кој ужива да готви, а секако и на оние кои сакаат да подготват нешто вкусно и да ги воодушеват блиските. Она што ме прави особено горд е тоа што уредник, автор, фотограф и издавач сум лично јас. Со многу труд и многу љубов ова е еден голем доказ дека соништата се остваруваат колку и да се големи”.
Готвачот на Давор може да се најде во книжарницата “Литература.мк” на улица “Македонија” во центарот на Скопје.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *