Готвачот Антонио ќе ја добие и платата што не му била дадена, одлучи Државниот инспекторат за труд

К.Мачкиќ

Готвачот Антонио Јанковски кој минатата седмица за малку ќе го изгубеше домот и ќе останеше на улица како бездомник, освен помошта која пристигна од граѓани ќе добие и неисплатена плата. По негова поднесена пријава до Државниот инспекторат за труд денеска од Министерството на труд и социјала известија дека било постапено по неговиот случај и бил решен. Наложено е платата за октомври која не му била дадена , тогашниот работодавач да му ја исплати.
Антонио Јанковски, познат готвач подолго време се лекува од карцином заради што има проблем со исхраната , но и ја изгуби работата. По објавувањето на неговата сторија на dosie.com.mk многу граѓани, Министерството за труд и социјална политика помогнаа, а Меѓунардниот сојуз на Бојан Јовановски одлучи да му исплати заостанати долгови и ќирии и да помогне да се најде соодветно работно место.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.