Кој и зошто се плаши од слободата на Чочоровска?

Пишува: Кристина Мачкиќ

Станислава Чочоровска пуштена на законски прекин на казна поради болест. Ништо ново во нашиот правен систем. Излегле и ќе излегуваат затвореници на прекин заради лечење. Но излегувањето на Чочоровска стана вест број еден и кај нас, но и кај нашите соседи. Како за никого до сега, иако во Србија на исти таков на прекин на казна се вратија многу Хашки притвореници, српските медиуми покренаа организирана лавина текстови.

Како новинар кој од прв ден го следев случајот Чочоровска и присуствував на сите судски рочишта многу добро знам што е што. Никогаш не станал збор за заштитен сведок, во тоа време и немаше ни Закон, а и кој барем еднаш ја видел знае дека Чочоровска не е баш тој ков.

Хммммм …. како поинаку да го анализирам ова медиумско активирање освен онака новинарски да поставам прашања.
Кој и зошто се плаши од Чочоровска? Шта се иза брда ваља?.. што би рекле браќата Срби.
Таа никогаш не ја криела близината со Аркан , но никогаш и не зборувала јавно за нивниот однос. Била човек од негова голема доверба. Што е тоа што на релација Скопје – Белград, што Станислава го знае, а некого го мачи и таму и овде?

Кој и зошто ги криеше во Скопје убијците на Аркан? Дали случајот Чочоровска почнува во 2000 та година после смртта на Аркан?

Зошто против Чочоровска се води медиумска војна? Кој е авторот и лиферант на текстови кои се граничат со нормала како оној за атентатот на Глигоров? Зошто само некои новинари се занимаваат со вакви “сознанија” , а никогаш ни еден официјален орган не разговарал со Чочоровска по тој повод.
Овде нешто не штима …. што е многу многу е и па и за Чочоровска.

Прашањата не застануваат тука. Напротив !

Зошто за Чочоровска во затвор не важеа законите дури и правото на лекување. Кој го попречуваше нејзиното излегување на викенд отсуство?
Што толку медиумска помпа од која се надзира страв од жена која 11 години беше во затвор???
Прашањата не застануваат ги има многу, но на крај сите имаат само еден одговор :

КОЈ И ЗОШТО НЕ СПИЕ МИРНО ???

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.