Македонија пат, чат пат другпат !

Абе ај ќе се стопи што се наколку сантими мраз и снег …
Да да, зборуваме за годинешниот снег, не за ланскиот замислете и годинава во февруари снег налупа , напласка и се закрчи Македонијава. Таа и така е закрчена и закречена, па уште сега снег ….молим те. Па од Македонија пат ќе чистат нешто што само се чисти. Не знам ни зашто се викаат Македонија пат можело да ги крстат и паркинг. И така стојат паркирани. Името Македонија богами не знам, ако се смени и тие ќе треба да сменат нешто хмммм ….со паркинг и снег што би одело ???? а, па да лопата. Лопата паркинг.
Шега на страна, ама навистина дегудантно, просто и веќе не е за изговарање “изненадени сме”. Да ми раскажуваа да не верував, ама лично се уверив. Утрината почна снегот да лепи на коловоз. Јас се качувам после Kичево, мраз ,лепат гумите, одам накај Стража едвај низ камионите излизгани. Ниту камион, ниту песок , ниту багер, па ниту некој со лопата. Дури доцна попладнето стигнав Гостивар и ете ти ги значајниве од Македонија пат или лопата паркинг. Пуштиле ротации жолти, полиција пред нив ротација и тргнале. Ако знаеа кај одеа еве ја, со би рекле тетовци. Горе се блокирани камиони цистерни , не се тоа точаци, па ке се протнат . Камиончишта олкај. Завршија работа нели , се стопи снегот и оп леле за два дена пак исто. Како бе февруарски снег пак???
Ете западна македонија крш пак истите правци, пак истите улици, пак истите коловози. Пак истите луге истата организација. И одговорност нула, нема никој, ниту некој пак ја бара. Јас да сум премиер или директор се она што е промашено марш има луѓе кои сакаат чесно да работаат, а не лопатите да ги држат па и некоја дршка да украдат.
Но мислам дека ова е само јалово зборување. Гледам народот рагира секоја година и пак истото па истото па истото….најверојатно сме истите идиоти на истите функции на истите места. Што ли само се смени???
А да, ние порталите ја следевме ситуацијата онака нели загрижени, некои од нас се најдоа и во ситуација да заглават….но им честитам на веста на едни колеги дека позната фолкерка била заглавена кај Буково. Епа нека пее ебаго …за песна е работава …

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.